речиси (прил.) - воопшто (прил.)

Знаеше, иако само инстинктивно, дека тие речиси воопшто не се интересираат што прави тој.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тој знаеше дека во Западот немам многу познати, а уште помалку блиски луѓе, односно речиси воопшто да ги немав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Тој беше толку ладен кон неа па речиси воопшто не ѝ правеше муабет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Значи, поради тоа што секогаш ми даваа малку денови за одмор од работа, особено последните две години, речиси воопшто не доаѓав.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ретко или речиси воопшто не се појавуваше на екранот, но затоа ушите на слушателите гледачи, речиси, веднаш ја препознаваа милозвучноста врзана за репортажата.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Имаа тивок оброк. Дејв и Сузан речиси воопшто не зборуваа. 96 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Стариот циник и среќно оженет женомразец Џорџ Бернард Шо (Georg Bernard Shaw) секојдневно се допишувал (и тоа со години!) со убавата госпоѓа Патрик Кембел (Patrick Cambell), една од најголемите актерки на своето време; дури и се карал со неа (во епистоларна форма!) за различни работи, главно за постановките на неговите пиеси, но речиси никогаш не се гледале, иако дури и живееле во близина; од нивните писма (стотици, можеби и илјадници на број!) подоцна е составена прочуената епистоларна комедија со луциден наслов Драг мој лажго, позајмен од едно од нејзините врцкави писма...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Елен Лејбовиц не ја издвојуваат само околностите во кои вие двајца се среќавате (без формално да се сретнете) и комуницирате (без да си кажете дури и еден единствен збор), туку ја издвојуваат интенцијата со која таа решава да Ти пристапи и доследноста со која ја спроведува својата чиста намера.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Микеланџело (Michelangelo), да речеме, налетал на Виторија Колона (Vittoria Collona), маркиза од Пескара, која му станува блиска пријателка: макар што речиси воопшто не се гледале (своите последни години таа ги живеела во манастир!), тој и посветил некои од своите најдобри сонети, не престанувајќи да и пишува и да и ги праќа цртежите, правени специјално за неа, сѐ до нејзината смрт...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Мојата мајка ретко ме кара и речиси воопшто не ме тепа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Мајка ми тешко ќе забележеше кога е буден, а кога спие, но речиси воопшто не спиеше, па таа не влегуваше во собата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)