речиси (прил.) - еден (бр.)

Силно возбуден близу претпоставениот гроб со посмртните остатоци на легендарниот херој на Картагина, врховниот борец возбудено молчеше, а потоа силно се расплака. Размислуваше така речиси еден час.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Најпосле домаќините го одведоа Бургиба во еден речиси пустински предел, каде што на една вишинка се препоставуваше дека се наоѓа гробот на Ханибал.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речиси една недела сум лежела плесната ко скот во возот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Парницата, вкупно гледано, траеше речиси една година, со одржани четири јавни рочишта за главна расправа и со околу 10.000 денари парнични трошоци.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Второстепениот суд носи пресуда со која жалбата се одбива како неоснована и ја потврдува одлуката на првостепениот суд, по што пресудата конечно станува правосилна и извршна.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)