ретко (прил.) - некој (зам.)

Одвај ја завршувале жеснаесеттата, седумнаесеттата, ретко некоја дваесеттата, небаре праски што окапале цут, па почнувале да раѓаат, береќет да собираат и во покорност да ја премолчуваат својата љубов и својата тага.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Секој од нас се гледа само себеси и ретко некој погледнува подалеку да ги види своите другари како напрегаат сили низ целата земја работејќи на големото дело на народната просвета.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Штом се плуснува на својот кревет, зборува како да си ја продолжува мислата: - А, вели, ретко некој излегувал од затворот?
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
- Тешко е, не велам, - продолжуваше тетка Рајна, со две деца ретко некоја ќе се нафати да ги гледа, но, ќе се распрашаме однапред, сѐ ќе ѝ се каже, па може и да се најде.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сам знаеш, ретко некое дете да остане без прекар и, најчесто, децата го погодуваат прекарот спремна карактерот.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)