ретко (прил.) - кој (зам.)

Но, ваквата нерамномерна оптовареност на судиите не е различно вреднувана, па сите добиваат иста [доста голема] плата –  без разлика дали решаваат тешки случаи или ситни прекршоци. 307 обичниот македонски човек и работник.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тажен е податокот дека, ретко кој од денешните наши судии посветува внимание на „потчинетоста која ѕирка зад фасадата на наводната договорна еднаквост“ (Пол Дејвис) – оти купувачот и продавачот вообичаено, барем во економска смисла, се еднакви, ама работникот и работодавачот не се.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
А во одделни судови од државава има судии што, годишно, имаат во работа по 500 предмети, додека во други судови, на истиот број предмети, работат дури седум судии.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- Прво, без учени зборови од Латинска Македонија, кои ретко кој ги разбира.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Таа е земја на оранжерии. Можеби ретко која друга земја има толку оранжерии како Холандија.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Некогаш темен затвор, од кој ретко кој излегувал здрав и жив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
И луѓето, оние на границата, на главите со тешки кожни капи, се движеа тешко, гласот не им се слушаше, и ретко кој од нив повеќе се задржуваше на платото, освен за преглед на документите.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Иако Солун имаше многу гости на есенскиот саем, угостителството ги прими сите, ги услужи сите и ретко кој се пожалил на гостољубивоста на солунчани.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
XII Селото е пусто и онемено. Вратите се затворени и ретко кој излегува по сокаците или претрчува до чешмата и јазот.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
За да се прашам себеси: имаме ли ние, Македонците, своја автентична национална и културна татковнина? Јас велам - колосална! Како ретко кој друг народ во Европа. Но, тоа е тема на мој посебен есеј...
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Омилен танц им е пајдушкото ама во Европа ретко кој чул за него.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Адем секој ден одеше кај секој од чивчиите и, штом забележеше некоја лабавост, (а тој никогаш не се ситеше со работа), им ги земаше остените и ретко кој оставаше здрав.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но по светската промоција на тероризмот како тип на анархистичко делување и евидентните показатели за неговата тотална (скоро тотална) контрапродуктивност, верувам дека ретко кој слободен интелектуалец или анархоиден уметник би тргнал во извршување на една ваква практика.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Од овие причини упатував на Бојс како на уметник со визија за иднината како ретко кој друг.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој има кажано дека секое срце и секоја душа е различна и дека само низ нивната разноликост можно е да се трансформира и револуционализира концептот за општеството и националноста.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Измина веќе еден век откако сакаме да ги измениме неш­тата, особено во областа на економијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
При ваквата положба во гратчето ретко кој би се осмелил да преземе акција во која би морале сите да се ангажираат.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Прв пат како да беше излезена од него и сета тишина во која ретко кој имаше пристап, вклучувајќи ја често и Мајка.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Историјата толку бргу се менуваше и толку изневеруваше што ретко кој можеше да ја проучува докрај.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Такви кучиња ретко кој уште одгледува во планинава.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Не е чудно што сепак ретко кој сакал да ја купи и така повторно исчезнала.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Дрогата, исто така, ја намалува потребата за спиење и јадење и поради тоа што нема јасни надворешни манифестации, промените во расположението и однесувањето ретко кој ги забележува.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
И ретко кој се решаваше да помине по неа.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Многумина чуле за него, но ретко кој знае точно кај се најдува.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Како ретко кој друг во историјата, Фаик Коница со својот живот и творештво ја изразуваше судбината на Албанците распнати помеѓу Западот и Истокот, минатото и иднината, родната земја и егзилот.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Во светот ретко кој го чини тоа...
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Речиси никој освен Милер не направил општествена критика на машкиот геј-културен објект и не се заинтересирал за исчитување на масовната култура од гледиште на машкиот геј-субјект кој е нејзин потрошувач.148 И ретко кој од квир-теоретичарите се обидел да изведе приказ на машкиот геј-субјективитет преку индуктивна студија на историјата на машките геј-културни присвојувања наместо врз нив дедуктивно да ја применува психоаналитичката теорија или некоја друга теориска догма.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
-Луѓето забележуваат дека паѓа снег, но ретко кој успева да го следи танцот на снегулките.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Ретко кои деца тогаш имаа можност да одат со своето семејство на летување на езеро или море.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
А од нашите ретко кој доаѓа зашто и ретко кој остана.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вистинското арго е Рововското арго. Она на Вијон, но, и тоа е по малку круто, особено она од Песната за стапот, за којашто, впрочем, ретко кој и слушнал... ...
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Не, арго не се прави со помош на речник, туку со слики родени од омраза, омразата го создава арго-то.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
На Војници денес ретко кој се сеќава.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Обраснат со брада, ретко кој беше во состојба да го препознае.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Никој, или ретко кој ќе го поздравеше кога ќе го сретнеше или ќе го видеше во градината. А роднините на Видуша го колнеа.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Овде ретко кој умее да го прескокне јажето на нацијата и патриотизмот и да се затекне во Доблеста која веќе нема никакво национално или патриотско алиби коешто, ете, во „кризни времиња“, ѝ дозволува да се заборави, то ест да биде употребна доблест на оваа или онаа нација.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Во главната соба седеше татко Таки ја гледаше ќерка си со голема топлина во очите и и рече: „Ќерко, до сега во мојов живот, ретко кој можел да ме победи.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Окупирани од сите страни! Замолчени од странските пропаганди и нивните балкански сојузници, ретко кој им веруваше.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обземен од моите книжевни потраги и со моето дипломатско искуство, се обидував да дојдам до индивидуалниот и колективниот удел на историската одговорност, барем на планот на генералните размисли и идеи, при што, постојано надвладуваше рефренот: сите ние бевме одговорни!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој живееше со својата можна легенда, како ретко кој друг владетел во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Беше дојден мигот да го ослободам ова време од себе и да го предадам на хартијата, на забележаните траги на меморијата. Времето минато крај Арафат.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се најде во секакви ситуации во животот, во кои ретко кој се нашол.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретко кој се обидуваше, затскриен во некоја дефетистичка барикада, во исчекување да мине злокобниот, судбински бран на историјата, да си ја покаже главата во новото време.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат како ретко кој друг успеа да ја ревидира судбината на својот палестински народ, да го обедини на патиштата на слободата по вековниот егзил и самиот да стане маченик на враќањето во Палестина, историска жртва, фатен во подготвената стапица од јастребот Шарон!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Ретко кој крај на живот на човек толку силно ја разбрани планетата Земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Заборавот силно се наложуваше во доменот на мисијата.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Го помина речиси сиот живот во егзил.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Палестинскиот народ во овие услови ќе се соочи со два големи егзодуса (во 1948-та и 1967-та), кога не само што ќе биде истеран од својата земја, распрскан на четирите страни на светот, главно во логори за бегалци во мизерни услови за живеење, зависни од репресивните арапски режими кои го инструментализираа палестинското прашање за свои цели, но, исто така, и пред упорното одбивање да се признае историската неправда што му беше нанесена на овој народ.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
И покрај големите разлики на балканските народи во нивниот етнички и национален идентитет, беше свесен дека тие поседуваа повеќе обединувачки, отколку разединувачки елементи, како во ретко кој друг поголем европски предел.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Обајцата, еден со меч друг со перо, во еден долг период ќе ги обединува заедничката, света мисија, како ретко кои други во светот.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Абу Амар за своите, Јасер Арафат за светот, за едни палестински Че Гевара, за други Мојсие на својот народ...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Јасер Арафат, како ретко кој владетел во светот, требаше да најде свој пат за својот народ во историјата, да го врати од светскиот егзил во својата татковина Палестина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Размислував за причините, за крајот на земјата која ја претставував, во која ретко кој не веруваше, макар и нејзините жртви?
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Бен Али, како ретко кој министер уште во тие години, беше внесен во програмските тајни на компјутерите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Не случајно бараше од Советите во еден период кога ја посети Москва да му ја откријат формулата на совршеното балсамирање на Ленин и Сталин.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во обете мисии беше вложен животот како неизбежна жртва.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Остануваше да ја напишам последната телеграма во Сојузното министерство за надворешни работи во Белград, која ретко кој ќе ја прочиташе во тоа време, кога во земјата се страхуваше од југословенското прашање.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тој како ретко кој друг арапски и африкански владетел, си ја има замислено и однапред подготвено својата сукцесија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој збор беше толку вкоренет во балканските јазици што ретко кој се прашуваше за неговото потекло, сметајќи го за автохтон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Како ретко кој балкански интелектуалец, нашиот Фаик Коница во битката на европските идеи не го претопил своето балканство во европејство, за тотално расчистување со својот автентичен идентитет (како што ќе го направат тоа многу балкански интелектуалци, како романските, на пример, меѓу кои најкарактеристичен е случајот на писателот и филозофот Емил Сиоран, кој си поставил за императив или да пишува на француски како Французин или да се самоубие, туку останува доследен на своето балканство, односно на албанскиот идентитет, јазик и литература, бранејќи ги со своето прво име Фаик Коница), паралелно и на своето европејство (што го искажува со совршеното пишување на француски јазик, на кое му се восхитувал Гијом Аполинер и со своите псевдоними Транк Спироберг, Пирус Бардули и други).
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И наредниот збор севап не може да се толкува без да се разбере целосно инаетот!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Останаа стотиците страници во библиотеките на Татко и Камилски за заедничката балканска историја на народите низ зборовите, на кои ретко кој им го посветуваше нужното внимание, но и неопходните заклучоци за нивното долговечно постоење.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Откако Камилски изнесе дека заемката севап во турскиот јазик (sebep), потекнува од арапскиот thehwab, во бугарскиот е присутен како себеб, во српскиот како себап, во ароманскиот како sibebi, во албанскиот како sebep, истакна: Како ретко кој два спротивставени поими инаетот и севапот можат да го објаснат менталитетот на homo balkanicus во текот на изминатите векови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зборот има неисцрпни значења и ретко кој би можел лесно да го искорени од балканските јазици.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Настапија неверојатни промени на Балканот и во Европа, во кои и во најбизарните соништа не би можеле да поверуваат Татко и Камилски додека беа живи: се урна Берлинскиот ѕид, најголемата европска граница по Втората светска војна, се распадна СССР и се растури Варшавскиот пакт, подоцна низ невидени братоубиствени војни се распадна и СФР Југославија, се создадоа нови независни држави, проследени со невидени етнички чистења, прогонства, логори.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
На инаетот и неговите деривати како злобата, зависта омразата, се спротивставува севапот, со неговите деривати како чувството на возвишеност, добрина.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Камилски, како ретко кој друг на Балканот, имаше срце да им се радува на успесите на другите, да ги смета како свои, посебно кога тие беа од општ интерес.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, ретко кој го пие такво.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Сите имаат лавовско спортско срце, а ретко кој и талент.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Убаво орани, подготвени, нивјето ретко која година да изневерат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но подоцна, поради селските домашни работи, родителите ги повлекуваа и училиштето ретко која година го надмина бројот триесет.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А Крсте ретко кој ден се враќаше без риби.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ретко кој покуражен се осмели да им подаде по некој сомун леб, но место нив, сомуните ги земаа сејмените, бидејќи тие беа врзани, та не можеа да посегнат по лебот. И тоа беше доста.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ми се чини ретко кој смртен достигнува до него – иронично му одговори кадијата, однапред решен да го осуди него на смрт и продолжи да ги гледа со ред врзаните, та дојде и до другиот крај на редицата каде што стоеја двете врзани жени.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
И тука нај­често застануваа. Ретко кој ќе ја одминеше.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ретко кој од нас, сите синови и ќерката, можеше да ја разбере моќта на Мајкината самота.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Тоа беа Горјан и Огнен, така мајсторски маскирани што ретко кој можеше да ги познае.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Но, за Букурешт и Романија ретко кој заминуваше.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Во зелениот бескрај ретко кој еднаш прелаган од млазовите на надежта го фали Бога туку така, без задршка.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Обично за луѓето во егзил се вели дека зборуваат најчесто на јазикот на срцето (мајчиниот јазик), на јазикот на лебот (јазикот на другиот во егзил), но ретко кој зборува на јазикот на душата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но патот не беше лесен.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Најмалку што сакав е да го работам она што ретко кој го признава за вредно во овој стереотипен свет.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)