ретко (прил.) - ги (зам.)

Во бродот Галеб Тито бараше патишта во светот на неврзаните за да ја зајакне на надворешен план Југославија, но се обидуваше и на внатрешен план да ги разрешува, помирува противречностите, преку одбраните умови и интелектуалци на антагонизираните народи (посебно Србите и Хрватите), преку врвни интелектуалци, политичари, писатели.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во периодот по студената војна, разгледувањето на улогата на САД во светската политика ретко ги вклучуваше интелектуалците.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Оние што имаат свои коли, ретко ги возат во градот, и тоа само во итни случаи.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Старицата ја гледа белината на таа глава, и нејзе ѝ е до разговор; оди по беспаќето на планината, се храни со оној тврд леб, пие од поток што ретко ги сече ваквите неродници - камењарот и расеаните, темни смреки.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Така, на пример, со славниот хрватски писател Мирослав Крлежа, со кого често играше шах на бродот, не ретко ги премослуваа идните потези од значење на опстанокот на Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)