редовно (прил.) - го (зам.)

Кога пишуваше, ги потргаше ракавите...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
А по секое качување на дрва или јаглен од визбата, редовно го четкаше.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Коница, кој редовно го читал European и ја следел полемиката, ќе му направи силен впечаток прилогот на Аполинер.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
11. Во неделникот Време (кој редовно го купувам во 42. улица) ги читам вестите од татковината.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Клинците незнаејќи ништо за дрогата а чувствувајќи се важни поради иницираноста во тајната на дрогата од една страна и поради опонирањето на системот кој скоро редовно го доживуваат како фрустрација, стануваат лесни жртви на предозираност или зависност.
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Шифра: Господарот на камшиците", гласеше огласот кој го испрати по СМС во неделниот додаток на весникот кој редовно го купуваше и го читаше оптегнат на троседот во пижами и влечки, додека жена му трчаше по децата, готвеше и пеглаше.
„Сонце во тегла“ од Илина Јакимовска (2009)
Монотониот звук на фабричката лента беше едноставен, смирувачки, исто како и неделниот чек кој редовно го подигаше во петок, по само десет минути чекање во уредна редица од работници дојдени, како него, којзнае од каде – Руси, Црнци, Кинези (колку многу Кинези!) и некои други раси и видови кои не ги ни препознаваше на прв поглед.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Во собата имаше еден кревет, уредно наместен со превиткан чаршаф и ќебе, што Александар го потсети на планинското детско летувалиште во кое родителите редовно го испраќаа за време на летниот распуст.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Во неговиот 129 сон на праведник таа редовно го напаствува, затоа што е лудо вљубена во него.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Нејзиниот син Ксенофон Ксантопулос бил вчудовиден кога во средата навечер видел шапка на главата на Богдан наместо фес, што редовно го носел.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Дубровчанецот го убедуваше дека такво нешто нема да се случи, но тој продолжи да бара знаци во сѐ, и во хороскопот, и во превртениот филџан кафе што мајка му сега редовно го вареше, и во предметите што му се испречуваа на патот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
На крајот од сите негови 24 часовни свињарења и мирисот на кочина кој редовно го носеше со себе, ќе дојдеше кај мене и горко ќе се исплачеше.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
Нивната тага, колку и да била вистинска, се изземала од сериозна сфатеност, делумно затоа што машкото вдовство никогаш не може да го заземе она место во јавната светост што женското вдовство редовно го зазема (има ли таков ужален маж во американската историја кој го достигнал иконичниот статус на Џеки Кенеди?), а делумно затоа што геј-љубовта претставува јавен срамотилак, па така и болката на геј-љубовниците предизвикува презирни насмевки барем онолку често колку што изнудува солзи. ‌Геј-загубата никогаш не се воздигнува баш до височините на трагедијата.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)