редовно (прил.) - ги (зам.)

Телото - стварно, или проширено низ механичките роботи - е главната територија за демонстрација на деструкцијата и опстанокот и во машка и во женска продукција.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но, додека машките уметници го истражуваат односот на тоа тело спрема објектите и технологиите за деструкција и спрема тврдењето за оживување на идентитетот, жените-уметнички редовно ги посветуваат своите истражувања кон реконструкција на Себството.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Радо се одѕваа на тој знак, бидејќи им јавуваше дека се веќе варени компирите што дедо Иван редовно ги сервираше и над кои течеше нивниот разговор често и до доцна.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Впрочем, тој редовно ги потпишуваше Татковите извештаи за преведените сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бојан застана зачуден. Паниците редовно ги миеше Елена.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Доблест на машката геј-култура е да ги бележи, а потоа и да им се опира на облиците на општественото раслојување што и понатаму го структурираат нашиов свет, но кои современите либерални општества редовно ги одрекуваат, а кои цел еден рој современи лицемерија и божемни чедности – вклучително и популарните, сентиментални видови на феминизмот – по правило се трудат да ги заташкаат. ‌Ако машката геј-култура нѐ учи (биле ние геј или не) да се смееме на ситуации што се ужасни или трагични, тоа е затоа што се стреми да одржи тензија меѓу егалитарната етика и хиерархиската естетика.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Но, неразумно е да се очекува машката геј-култура да го разглоби доминантниот општествен и симболички систем на кој таа му е само бистар и верен одраз.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Изразувајќи недоверба во можноста на Револуционерната организација да дигне општо востание и да постигне некакви резултати, гемиџиите редовно ги истакнувале тешките последици за населението од предизвикувањето на едно недоволно подготвено востание, сметајќи дека со нивната лична саможртва и без учество на широките народни маси ќе се постигне повеќе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Од Софија Попјорданов заминал за Женева да бара помош од Борис Сарафов, а и да се запознае со руски социјалисти, што редовно ги имало во Швајцарија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Нашите весници, што редовно ги добиваме, се полни со протести против уништувањето на невиното и изгладнето македонско население“.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Баба ѝ не почести со некакви слатки, што редовно ги правеше.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Инаку, еколошкиот двор не е на сама улица туку е вовлечен повнатре и тие листови не мора дури ни да ги миеш... ете, толку е незагадено во дворовите од Карпош... зашто, пази, градоначалникот редовно ги пере улиците со прскалка со вода... дека е од оваа, а не од онаа партија!
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Абе боросана, најглуп чевел во историјата, стана статусен симбол зашто тие редовно ги носеа.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Сетнем купувам три-четири значки, и истите редовно ги носам на мојата школска кецеља.
„Филтер Југославија“ од Константин Петровски (2008)
Ме потсети на извесни инаетења: гадливоста од физиката искомбинирана со совети за здраво живеење; ексцентричното облекување (кое ликуваше очекувајќи казнување); тапите доцнења со намерно глупаво оправдување: „не ми ѕвонеше часовникот, не знам што му е“ – тие редовно ги забавуваа учениците кои слабо забележуваа како ме правеше тажна нивната неизбежност.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Татко редовно ги слушаше вестите. Со гласот на радиото имавме чувство дека ќе патуваме, ќе полетаме, ги минуваме границите.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Речиси постојано беше отворено, живо. Понекогаш замолчано, другипати гласно, во зависност од станиците кои се слушаа.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Пред да започнат со активностите „Под врбата“ се среќаваа крај фонтаната каде редовно ги чекаше Киријаз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тачно знае кога е четврток (гарбиџ деи) и редовно ги отвара сите кеси со ѓубре, за случајно да не си фрлил нешто што му треба.
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)
Долго време потоа денот беше одвоен од ноќта само со малиот нож на светлината, кој откако ќе се пробиеше низ тешката завеса на прозорецот, во неколку наврати ќе замавнеше низ густината на мракот, ќе направеше неколку колажи на ѕидот врз кои таа редовно ги додаваше своите воздишки, и тивко ќе се изгасеше, повлекувајќи се во денот од другата сграна, за да знаеме дека е ноќ.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
На 47 години, тој е татко на поп музиката (амбиентала), продуцент на албуми на рок ѕвезди, и редовно ги изложува своите мултимедијални уметнички дела во музеите и галериите.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Но, веќе неколку години, некаде од неговата шеснаесетта, Хичкок редовно оди на филмските премиери во Лондон и редовно ги следи филмските новини, и тоа оние стручните; ги гледал Чапли­но­вите и Грифитовите филмови, сите филмови на Парамунтовите (Paramount) Fa- mous Players, филмовите на Бастер Китон (Buster Keaton), Даглас Фербанкс (Douglas Fairbanks), Мери Пикфорд (Mary Pickford), како и германската продукција на компанијата Decla Bioscop) за која снимал и Мурнау.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Трговски центри го заменија градскиот плоштад, но постои значајна разлика во нивната функција: „За разлика од старите градски плоштади, кои беа и сѐ уште се места на дискусија на заедницата, на протести и политички собири, единствениот вид на говор што тука е добредојден е маркетиншкиот и другите видови на потрошувачки жаргон.
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Обезбедувањето во трговските центри редовно ги исфрла мирните демонстранти заради попречување на купувањето, па дури и штрајковите се незаконски во рамките на овие затворени простори.“
„Простори на моќта“ од Зоран Попоски (2009)
Се разбира, редовно ги чистевме не само даскалницата, туку конаците, црквата Св. Петка и црквата Св. Никола.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
- За да тормози, ете, затоа – беше огорчен Саше, но јас бев сигурна дека тоа не е вистинската причина.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не знам зошто мајка ти толку навалила кога знае дека до сега сите оцени ти се високи и дека редовно ги полагаш испитите.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Редовно ги следев политичките емисии, комплетно се запознав со правниот систем. Гледав говори на Обама.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)