рачно (прил.) - изработен (прид.)

Ме смири глетката: белите штиркани чаршафи, беспрекорно испеглани околу рачно изработената бордура, ја истакнуваа убавината на старинскиот кревет, чии украси од месинг сега сјаеа како позлатени сијалици.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Тие имаа само црни стада, а убави бели жени облечени во убави алишта, сѐ рачно изработени, косите собрани во пунџи, до нив малите деца и ги водеа коњите покриени со тие нивни познати јамболии.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Производството, понудата и продажбата на „hypertext reality“ опремата, на дигиталните информации ќе биде исто толку важно, колку и производството, понудата и продажбата на храна, метални и рачно изработени производи во феудализмот и продажбата на нафта, електрична енергија и земен гас во индустриското доба.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Парче дрво или метал, рачно изработена палка, шуплива во средината, во таа дупка со години околу 22 милиони Југословени ги туткале своите ливчиња - честитки за неговиот роденден - симболично пренесувајќи ја палката од рака во рака како залог за братството и единството.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Како што кажуваат моите белешки од тетратката со рачно изработена корица од бел картон нашаран со траги од црвено и сино мастило направени со четкичка за боење и со наслов китнасто напишан ДНЕВНИК НА ТАШКО за своето проживеано, станува збор за мој престој кај Нанчо повеќе од еден месец, односно според записот од 15.10.1951 г. понеделник, кај бајто Шишко сум се преселил на 14.10.1951, во недела.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тие свилени фолклорни облеки, со апликации и шари рачно изработени.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)