рано (прил.) - утро (имн.)

И никој во градот не знае рано утро ли е или доцна попладне. Последниот градски часовничар вчера станал кафеанџија.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Рано утрото заедно со цедилото се вади од котелот, добро се истрива со дланките, се направува грутчиња, грутчиња, и пак заедно со цедилото, и потпржен со повеќе сало, се враќа во котелот, за да продолжи да се вари.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Беше рано утро. Пролетта настапуваше...
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Едно рано утро, откога Никола отиде да ја отвори меаната, Султана го разбуди Гоцета и кроце му рече: - Ајде, сине, ајде Гоце!
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Во нив требаше да снесат јајца, од кои ќе се изведат пилиња.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Луѓето станаа од постелите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Беше рано утро, 4 мај 1903 година.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Одвај пркната и заодена, секогаш се врткаше околу мајка Фимка и од неа научи од вечера да зафати леб - во земнено черепче подновуваше квасец, а утредента, во рано утро замесуваше во ношвите.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Потоа сите од Кавадарци, Велес (кои со воз дошле рано утрово) и од Пехчево и Приштина, доаѓаме на ред и ние, без нервоза, смирено.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Младоженецот од рано утрово го забричиле по веш-маица, ама снимено е, „ќе гледате на лента“, нè извести бабата и нè внесе кај неа.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
По еден облак од секој тип - цирус, кумулус, кумулонимбус и другите - ќе има доволно за сите; исто така, по еден пример од секој вид време - убаво, дождливо, топло, студено, влажно, суво, мирно, ветровито (и нивните разни комбинации - убаво-топло-суво-мирно, убаво-топло-влажно-мирно, итн.) ќе послужи за сите поединечни денови (и ноќи) на тоа време, и покрај тоа што едно магливо благо мирно рано утро е задоволство кое секако може да се разликува од истите услови напладне или приквечер.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
АТПАЗАР и овој петок вриеше од народ и стока. Покрај продавачите и купувачите пазариштето уште од рано утро се исполни со луѓе што немаа никаква врска ни со купување, ни со продавање.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Ја зеде тепсијата, се насмевна и рече: - Утре имам час рано утро, имам резултати од тест. ­ Ѓорѓија само се насмевна и ѝ посака добра ноќ.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Патуваат тие без прекин од соба в соба од рано утро до никоја доба.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Беше рано утро. Сонцето изгреваше. Небото изгледаше како да беше послано со светол син ќилим.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)