рано (прил.) - го (зам.)

„Спојот на технологија , контрола и страст во време на доцниот капитализам, и обидот тој да се раскине“, како што вели истражувачот на медиумите Peter Weibel , „се теми на неговите текстови“. Burroughs рано го воведе поимот на вирус во својот книжевен универзум.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Слушнав само како казанчето уште еднаш се пушти, при што тетка Олга испушти нов вресок и продолжи да плаче, но овојпат не воздржувајќи се, викајќи и завивајќи на сиот глас.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Следното утро уште рано го одведовме коњот во лозјето на Џон Биро и го оставивме во шталата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Горчин рано го загуби татко му, тукушто влезе во пубертет, и мајката беше онаа силна потпора што го отшколува и што го изведе на вистински пат.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Јован тропна, ги зеде торбите и сакмата ги натовари на неговите маски и уште со два три саати рано го напуштија темното и толку омразено планинско селце.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Изутрина рано го видов најпрвиот зрак на сонцето, црвен како вжарена игла.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
- Така му било пишано... - продолжи тетка ми Марија, - рано го зеде Господ, - прошепоти низ солзи, вртејќи се зад неа да ја погледне фотографијата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тоа попладне Џон Биро дојде кај нас со својата чеза и ѝ го покажа на мајка ми коњот што бил украден и вратен. – Не знам што да мислам, – рече тој. – Коњот е посилен од секојпат.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)