рано (прил.) - е (гл.)

Рано е отелена, а изгледа теленцето е слатко, не може да а повлада, — се јавува Никола Косов, еден од многуте мераклии на убаво винце, поубава ракиичка и најубави невести, иако веќе стар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Навистина, рано е уште, одвај пет часот ако има, но ене, дошле луѓе без пазар, та иако платат Пушмарко, Баба, Јашмакот и други по две банки казна на рефератот од командирот на општинската полиција, Милана, за предвремено „отварање радње“!
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Рано е за тоа да зборуваме, пак вели Костадин Дамчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Жената му стоеше уште пред очи. - Рано е да се прибереме. Што ќе правиме дома?
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рано е да постане, има уште толку начини за разрешување на оваа позиција, а нешто му шепина дека меѓу тие многубројни начини се крие само еден што води до победата, и тој може, и тој мора да го најде.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Рано е за мерење, вели по некое време машинистот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Синото му одговори: - Стрпи се малку, рано е за пролет.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Ти велев јас, утре ќе дојде снегот, го чувствувам во носот, во колената, а ти - не, рано е.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Рано е утро, - зора се зори, на исток небо ко оган гори, - зора се зори ...
„Мое село“ од Ванчо Николески (1950)
Тоа малку го поосвести. Не може... - неповрзано помисли. - Рано е.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Синото му одговори: - Стрпи се малку, рано е за пролет.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
- Рано е, разбери се! - велеше Синото.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Мислев: млада е праската, рано е да цвета. Билјана се излагала.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Рано е, рече царот, и ти штотуку си се разбудил.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)