рамно (прил.) - од (предл.)

Таму, пак, каде што се зглобуваат јужниот и источниот лак, за уште петстотини до шестотини метра над сртот на Потковицата, почнувајќи рамно од него, како некаков глужд, кој настанал поради тектонски шинувања, се извишува Чауле.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Врвот е гол, безводен и конусовиден.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Малата куќа, чии прозорци почнуваа рамно од дивата трева, беше без стопан.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Бело е варосана и рамно од подот и покрај ѕидовите има подѕидови, исто бело варосани и послани со веленца и рогузини.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)