разуздано (прил.) - издание (имн.)

Главата си ја зафрла наназад за да си ги покаже белките од очите; се ѕвери наоколу, устата ја раширила во гримаса; импулсивно ги крева рацете за да си ја измазни косата, ги пружа пред себе молепствено и самоодбранбено. или ги влече по вратот, како да се бори за здив.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Таа тука зборува за Мараја Кери и за Карен Карпентер, но нејзината забелешка може исто толку лесно да важи и за Џоан Крафорд: „Сигурна сум дека се слични личности од типот А – ревносни перфекционистки на кои им е многу битно да будат задоволство кај луѓето“.409 Гордон, изгледа, ја влечат ранливи изведувачки кои си штетат себеси во поривот да ѝ покажат на публиката совршенство.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Сигурно, Копола прави сјајна, преувеличена и крајно театрална изведба на конвенционалната женственост во разуздано издание – наводно рекла „ако такво нешто може да се нарече глума“.410 Со напупените, надуени, нацрвени усни (на кои во една секвенција става црвенило; види слика 24), со дебелите, темни веѓи, со кокоравите очи оцртани со црна маскара и со алиштата од шеесеттите, Копола можело да ја имитира и Марија Калас.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Без разлика дали Соник јут навистина ја чувствувале или не ја чувствувале болката на Џоан Крафорд, сликата за Крафорд што ја прави Копола во спотот на Марки не изгледа баш најсочувствително.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)