различно (прил.) - го (зам.)

Оти секогаш сум велел: словото една рака го сочинила, ама многу очи го читаат и сите тие очи различно го читаат истото, од рака сочинето клопче, оти по разни конци врват читателите кон средето, кон изворот на текстот, кон оној кој го сочинил и кој нив ќе ги голтне – пајакот отровен, сонце црно вжарено, создател и господар на вселена мала.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но, во овој конкретен случај, како и во многу други слични, вие, односно жената, а верувам и возачот, не сте го консултирале станичниот часовник.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
ЗИЛДДЛПР (1991) различно го имаше пропишано начинот на утврду- вање на максималниот износ што претпријатието може да го исплати на работниците.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Насекаде ни светот постојат милијарди часовници што различно го покажуваат времето.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)