радосно (прил.) - ќе (чест.)

А баба Стеве, тетка на мајка ми, сестра на нејзиниот татко, секогаш кога ќе ме види радосно ќе свика: - Кај си, мила моја, онаа мајка ти, кучка една, никогаш да дојде да ја видам!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сè немаат време со татко ти за кај нас.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И така одам јас дома и си мислам како ќе ме прегрнат татко, сестрите и братот, како радосно ќе се гушнеме, како татко ќе ме седне на колено, ќе ми погали глава, ќе ме стопли во својата прегратка, а сестрите ќе ми донесат топла манџа и многу леб, како братот ќе ги собуе своите топли волнени чорапи и ќе ми ги обуе, како сите ќе седнеме покрај распаленото огниште... а потоа како наситен и стоплен ќе заспијам во скутот на татко и утрото ќе се разбудам под топлото веленце, ќе се напијам топло овчо млеко...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)