радосно (прил.) - ги (зам.)

Перчињата на шлемовите ветрот радосно ги вее со опашката...
„Еп на Александар Македонски“ од Радојка Трајанова (2006)
Радосно се симнуваше по скалите пипајќи ги месинганите глави на гелендерот, радосно ги минуваше асфалтните улици вдишувајќи го мирисот на водата од цистерни, којашто бистра се слеваше во светкавата утринска прашина.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
И дури тој есапеше колку снопови има и колку десеток ќе му падне, чорбаџиите радосно ги полнеа вреќите и го носеа житото во Колобановиот амбар.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
- Сега е нашето, а за свадбата зетот да му мисли... - благо и радосно ги одбиваше татко ѝ на Викторија роднините, кои по секоја порачка викаа „доста е“, „многу е...“
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
" Таа радосно ги подаде своите две долги бели раце и тој ги прифати, седна на креветот крај неа, не тргајќи го својот поглед од нејзиниот.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)