просто (прил.) - не (чест.)

На Доста крвта ѝ зовре во мозокот, и уште сред куќи го бапна котолот од глава и ѝ се загна на Митра, која, како кабаетлија се здрви, просто не можеше да мрдне.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но оној благ и толку кроток изглед на Пискулиева, на кого стариот гледаше преку главата на Ордета, покажувајќи така дека просто не го зема предвид малиот, ја сломи коравата душа негова и тој се реши да ги прибере земјаците.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Каде и да се свртам, неписменост, суеверие, сомненија, ужас, ужас - просто не може да се живее.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
На Климент Камилски, добар познавач на францускиот и на италијанскиот, просто не му се веруваше дека овие јазици извршиле влијание врз османскотурскиот лексички фонд на Балканот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Со страв очекуваното вжештување на жолтата боја во чиј сјај просто не можев да гледам стана сеќавање со самото тоа што тоа заслепување го очекував.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Просто не ме слуша. Како да не сум тука.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Секаква угодност, како и храната ми се чинеше нешто навредливо, просто не можев да голтам...
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Мајсторот Ратко просто не можеше да му се изначуди на Еда.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Иако тоа беше доказ дека продавачот просто не знае што продава, сепак тоа му изгледаше току необично што гласно рече: „Гледај!...“
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Диме се покажа човек кој кога еднаш ќе почне да зборува просто не може да престане.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Ми беше смешен мојот вчерашен конфликт со Фискултурецот; просто не можев да сфатам колку сум бил глупав што воопшто сум му посветил некакво внимание на тој конфликт.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Неизвесноста од тоа што можело да се случи утре толку многу ги беше преокупирала, толку многу ги мачела, што, како што признава Шатев, тие, наоѓајќи се во нервна напнатост, просто не можеле да се трпат меѓу себе.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Кога ги менува чантите, ако е посвечено облечена, па не ѝ одговара таа што секој ден ја носи на работа, во другата, свечената, го преместува и огледалцето.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Брат ми ѝ објасни дека пудриерата ја купил во некоја старинарница, а мајка ми обожава стари предмети, колку постари- толку повеќе ѝ се допаѓаат, а од ова огледалце просто не може да се одвои. Го носи со себе каде и да оди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Просто не се покажувал како амбициозен, одмавнувал со рака.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Просто не беше во состојба да го стори тоа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Козарите внимателно слушаа, а на мигови сомнително вртеа глава, просто не можеа да веруваат на реченото во книгите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Исклучиво не можеш да ѝ се налутиш, зашто сето тоа таа го кажува толку милно - просто на просто не е можно да предизвика лутина.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Знаеш откопувањето не е лесно. Просто не ти оди. Од многу искуство си станала неспретна, не небрежна: сѐ ти паѓа од рака.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)