притоа (прил.) - веројатно (прил.)

„Не си ми сосема јасен”, сакам да му речам и притоа веројатно се имам насмевнато.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Затоа и уследи онаа отровна забелешка: -Белки не мислиш дека можам да ти верувам оти пред продавницата си се нашол случајно и тоа токму во моментот кога девојката излегувала, и дека во тој момент ти се родила идејата да и пријдеш и да и го соопштиш големото откритие дека таа ти е сестра, или нешто сосема близу до тоа.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност таквата помисла и не е толку страшна: Си посакал значи да и го соопштиш она што те копкало, што ти било врежано во мислите.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)