прилично (прил.) - одамна (прил.)

- Нашиов пријател прилично одамна е слезен во бездната на исчекувањето - ѝ префрли на жената Б.С.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Вака беше: Откако прилично одамна го добив она писмо од Ивана, во кое таа во детали ми имаше раскажано за нејзините доживувања во Дизниленд, немав мира ни дење ни ноќе.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Понекогаш ми се случуваше да го потиснам мојот копнеж по патувањата во странство, во тие далечни земји во кои никогаш не сум била, ама никогаш не можеше да ми се случи сосема да заборавам на тоа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И мислам дека постапував коректно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
А нив почнав да ги практикувам прилично одамна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)