претходно (прил.) - ѝ (зам.)

Сѐ што беше на менито пак беше од кокошка, и овојпат беше густо и цврсто, неповолно за мојата и онака измачена столица.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
На седницата на министрите за надворешни работи одржана на 10 февруари 1945 на дневен ред било поставено прашањето за југословенско- бугарските односи.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Никогаш претходно ѝ се немаше обратено вака.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Претходно ѝ порача на Рада да му го донесе новиот костум кој специјално го шиеше за оваа пригода.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На тетка ми претходно ѝ соопштив дека би сакал да се истуширам, па пресметав дека така ќе добијам уште повеќе време за да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И во поглед на Македонија САД се приклониле кон британскиот став за признавање на македонската држава како федерална единица во федеративна Југославија, во која би влегле територии што претходно ѝ припаѓале на Југославија, а „оставајќи им ги македонските“ делови во Грција и во Бугарија на овие „респектирани земји“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Ама најубавото ми е, - Дора погледна накај другите чиничиња наредени врз тревата, мислејќи дали би ѝ дала некое мало тавче, некое лажиче, како што претходно ѝ имаше дадено на Ане една кукла и еден комплет од моливи.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)