претходно (прил.) - го (зам.)

Она што претходно го изне­сов во врска со одговорноста повеќе е бележење кон некој закон, кон еден импе­ративен налог кому конечно би требале да му се покориме, исклучувајќи ја секоја норма, нормативност или она што денес се смета за нормалност, без било што што најпосле би било предмет на знаење, би му припаѓало на некој ред на бивствување и на вредности.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ако моите искази си го задржуваат правото на сомневање, запрашаност, воздржаност, огради поради незнаење итн., политиката, моралот и правото (кое не го мешам со справедливоста) си ги осигуруваат и се разбашкаруваат во обманата и чистата совест - и секогаш се наклонети кон тоа да бидат или да прават нешто друго одошто се моралот, политиката и правото. 4Дали тоа го изведувате од својата филозофија? 4Што изначи “изведува”?
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ние тука често седевме со девојката што предходно го чуваше. Ангела од Германија.
„Животот од една слива“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2014)
Науката го калкулира светот онака како што претходно го составила.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Изложбата ја организираше Кетрин Дрејер (која во тоа време го поседуваше „Стаклото“, што претходно го купила од колекционерите Марсел и Луиз Аренсберг, Дишановите најверни мецени за време на неговиот престој во Њујорк).
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Овааа реконструкција беше поставена на масивна дрвена рамка, со иста форма и димензии како и постаментот врз кој делото за прв пат беше изложено во јавноста на меѓународната изложба на модерна уметност во музејот на Бруклин во 1926 година.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Кој знае кога почнал одот кој незабележително го оддалечуваше од мојата лева кондура, откако претходно го усмерив во правец што ќе го однесе до Маргарета.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Во раката го држам ливчето со бројот што претходно го добив и нестрпливо чекам.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Никогаш претходно го немаше чуено, но од вцрвенетото луто лице на неговото дотогашно другарче сфати дека се работи за навреда.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
И како аргументација на сево ова што претходно го загатнав, ќе ги приложам стиховите на Маркоска кои ќе ми помогнат во обидот да се биде искрен и воедно „теоретски” конзистентен, версус поетската книга „Сите притоки се слеваат во моето корито”...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но понекогаш тоа ги тера да погледнат повторно во својата сопствена култура и да почнат да го почитуваат она што претходно го игнорирале.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
САРА: Она што претходно го чув за вас од татко ми.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Науката го калкулира светот, како што претходно го составуваше.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Го изела мрачка. Наводно се фрлил од катот и останал на место мртов, а всушност го фрлиле агентите откако претходно го претепале до смрт.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Сѐ и сешто имаше на масичките во Гнездо: парчиња тули, фотографии, разгледници испишани со избледено мастило, пердуви од птици, ногарки од столчиња, навлаки за перници, парчиња од завеси, откинати џебови, копчиња, огледалца, камченца, изделкани парчиња дрво, врвки за чевли, ленти за шешири, пелени, монистра…, раце, нозе, трупови и глави од кукли, и по некоја цела кукла…
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Секогаш кога некој ќе влезеше во нејзината соба, во текот на разговорот погледот ѝ се вртеше кон масичката, таа забораваше дека безброј пати претходно го имаше повторено истото – “Ова е мојата малечка Лоте,” и ги земаше праменот коса и запчето, ги држеше на дланките, гледаше во нив онака како што децата гледаат во стакленце како во некаква бесценетост.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Во своја корист ги оданочуваше жителите, по 3 копејки од човек, откако претходно го удави во река директорот за економија.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Великанов, Иван Матвеич.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)