претходно (прил.) - бев (гл.)

Секој од нас знаеше што кажува, всушност, оној што слушаше знаеше што слуша оти претходно беше договорено, на јасен македонски јазик, за што всушност ќе ни биде муабетот.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
Меѓутоа, на 18 март 1943 година капетанот Морган во својата процена на ситуацијата во однос на воената мисија во Македонија истакнал дека “во моментот не постои сигурна информација за постоењето на група на отпорот во Македонија, како што претходно бевме известени.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Во Минеаполис, Вокеровиот уметнички центар штотуку откупи група од 437 Бојсови асемблажи, графики и објекти коишто претходно беа сопственост на двајца германски колекционери Алфред и Мери Греисингер.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Сепак, знаци на повторно интересирање за Бојс се појавија.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Круто го одбив, велејќи му дека тука е дојдено моето момче со кое претходно бев скарана и сега се смиривме.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
ЗАКОН ЗА АДМИНИСТРАТИВНИ СЛУЖБЕНИЦИ Овој закон е донесен во февруари 2014, а почна да се применува од февруари 2015 година (чл. 113, ЗАС).137 Тој регулира материја која претходно беше регулирана со два закони, Законот за државни службеници и Законот за јавни службеници.138 Првиот од овие закони беше донесен во 2000 година и не содржеше промени на одредбите за штрајк во периодот 20102014 година, додека вториот беше донесен во овој период, поточно во 2010 година, и воведе слични одредби во однос на одвивањето на штрајкот на јавните службеници какви што претходно важеа за државните службеници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Тоа значи дека со донесувањето на Законот за вработените во јавниот сектор должноста за почитување на ратификуваните меѓународни договори при штрајк важи и за службениците кои претходно беа дефинирани како јавни службеници.
„Обезвреднување на трудот - 2 Анализа на трудово-правната легислатива во периодот 2010-2014“ од Мартин Краљевски, Дејан Лутовски, Ивица Костовски (2015)
Исто така, тој нагласува дека на овој настан не присуствувале "сојузничките офицери, кои претходно беа поканети на Конгресот..., поради тоа што партизаните ја промениле датата без да ги известат членовите на мисиите.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Подоцна власта за тоа се извини.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајка ми, како и секогаш кога се подготвува на пат, со денови претходно беше нервозна, растревожена, несредена и постојано нешто викаше низ куќа.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Погледот на Фоте беше толку убедлив, што маѓепсуваше откако самиот претходно беше маѓепсан.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
132 ЗАКОН ЗА БЕЗБЕДНОСТ И ЗДРАВЈЕ ПРИ РАБОТА Законот за безбедност и здравје при работа 1 е донесен во 2007 година. Oваа материја претходно беше регулирана со Законот за заштита при работа донесен во март 1998 година, 2 кој беше изменет два пати, во април 2000 година и во мај 2002 година. 3 Со овие закони се утврдуваат правата и обврските на работодавците и вработените во областа на безбедноста и здравјето при работа.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
Имаше едно расчекорено железо од коешто висеа два синџири: од секоја лулашка по еден останат, ’рѓосан синџир.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Не дека не постоеја од порано, само што претходно беа сосем искршени.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Но, од друга страна, претераната коренитост на тие разлики, извалканоста и стутканоста на писмото „така несоодветни на вистинските уредни навики на Д“ толку многу укажуваа на намерата да се залаже окото дека станува збор за безвреден документ; сето тоа, заедно со грубата наметливост на документот оставен пред очите на секој посетител, беше сосем сообразено со заклучоците до кои претходно бев дошол; сето тоа, велам, силно го потврдуваше сомнежот кај човек дојден со намера да се сомнева.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)