претпазливо (прил.) - и (сврз.)

Таа одеше претпазливо и разгледуваше горе-долу по лозјето, како да бара некого.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Претпазливо и здраво се исхрануваат.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И само заради таа пена што почна да му ја обвиткува свеста со врело злато стврднувајќи се полека во непробоен оклоп, се моташе околу нејзината куќа претпазливо и со возбудено срце нараснато до грло.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)