пресуден (прил.) - значење (имн.)

Овој театарски настан што Дишан го гледал во пролетта 1912 год. претставува доживелица од пресудно значење - како што подоцна објаснува самиот уметник - во формирањето на најраните размисли за „Големото стакло“.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
На прв поглед се чини дека оваа просторија е посветена на прегледот на литерарните изворишта на Дишан, зашто во една витрина е изложен примерок од романот на Рајмонд Расел, “Импресии од Африка”, и списанија отворени на страниците со фотографии на сцени од театарската претстава работена според овој роман.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Тоа е од пресудно значење, за да те влечат, да те креваат и да те дружи некој зашто се плашиш од вода, многу си плашлива.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Чантичката на невестичето веќе не ги собира парите, па свекрвата притрчува да помогне со својата чанта, па кога е веќе тука, се мести и таа на сите пози, па нели и таа е од најблиските роднини, а и нејзината меморија е од пресудно значење за вечер, кога, откако сето ова ќе заврши, ќе седнат и ќе ги отвораат подароците, и кога таа ќе се сети на сите што предале коверт или подарок, а на него напишале „среќен брак“ и само толку.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Уште повеќе, што сите причини заради кои неговите родители не ја сакаа, не можеа да бидат од пресудно значење за неговата одлука да живее со Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Јас бев дојден да ги добијам првите информации од почетокот на првите американско-палестински разговори во Картагина, за да го известам што побрзо југословенското раководство за историскиот настан од пресудно значење за палестинско-израелскиот спор.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
За волја на вистината, треба да се рече дека Арафат, придавајќи им во животот големо, понекогаш и пресудно значење на симболите, на пример, при говорот пред Советот во Њујорк го остави својот револвер во гардеробата на светската организација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Се чувствуваше на мигови како Мојсие, кој мораше со години да се подготвува во егзил, за да го осмисли реалното враќање во ветената земја.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Овој разговор со Фарук Кадуми беше вон вообичениот дипломатски ред.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)