премногу (прил.) - силен (прид.)

Тие се премногу изедначени меѓу себе, а нивните природни одбрани се премногу силни.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Така, со непрекинато придвижување на реторичкиот фокус непријателите истовремено се и премногу силни и премногу слаби.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
- Кочи Радо, - така е секогаш кога ќе се фати премногу силен залет, се одзема педалата за гас и треба да се притисне на сопирачка.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но светлината надвор изгледаше премногу силна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Брат ми ги пасел воловите и ги натерал во нива со ѓонче, а се знае дека ѓончето или детелината е премногу силна храна и воловите немаат наситка од него.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Со палецот и показалецот ми ја фати долната усна, благо ми ја повлече кон брадата, ми ја отвори устата за да може да ми го стави јазикот на непцето, таму каде што по знакот на некоја сензорна клетка одеднаш станав премногу силен и премногу слаб пред жената која знаеше да ми се вовлече во моето тело и да биде мое тело или јас нејзино, сеедно, да бидеме едно тело во кое се заробени две души завеани на беспаќе што го нарекувавме живот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)