премногу (прил.) - доверба (имн.)

А, контрола немаш никаква. Ти само продолжи да си ги пиеш своите кафиња, да си пушиш цигари и да си пишуваш текстови.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тој, кога сме на состанок, не зборува како што има обичај, дека мајка ми за сѐ е крива и тие негови глупости, туку сосема поинаку. Баш како што треба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Сум ти рекол јас – продолжи татко ми – премногу доверба имаш во неа! Ете ти го резултатот, гледаш?!
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Мајка ми ужас ја фати од мојата приказна и рече дека ќе побудалела од страв да знаела каде сум и што ми се случува, а татко ми додаде: - Наша грешка е што имаме премногу доверба во нив и не ги контролираме построго.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)