предвреме (прил.) - ќе (чест.)

Таа пролет немаше кој да му каже на Алберт Ајнштајн дека кој многу си игра со сончевите зраци предвреме ќе добие катаракта, а Методија Патчев секако знаеше дека секое долго талкање низ мракот завршува со избивање на светлина и дека сончевите зраци понекогаш се потпираат на бастум од илузии.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
„Човекот се качува до мечтата во сонот по скали од возбуда Тешко му на оној кого предвреме ќе го разбудат“.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)