првпат (прил.) - некој (зам.)

Тоа силно го трогна, по првпат некој од Акиноските оставаше завет да биде закопан тука, во Потковицата, на Горник, заедно со луѓето со кои го поминал векот.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првпат некое момче да ми пишува! Го прочитав писмото и сакав да ѝ го вратам на девојката а таа не сакаше да го земе.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
„Не, господине“, ми рече. Првпат некој да ми рече овде господине.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)