првпат (прил.) - слушне (гл.)

Пред повеќе години, за првпат слушнав за сестра Ангелина и од првина ова го паметам.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Што ќе биде со претпријатијата без вода, си реков кога првпат слушнав за нивното формирање, но потоа се сетив дека во случајов, освен за пчелите, за другите работи не е потребна.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Некои од нив првпат слушнаа за името Македонија и љубопитно нѐ прашуваа каде се наоѓа таа земја.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Многу луѓе штом првпат слушнат „виртуелна реалност” веднаш одговараат, „О, се разбира, живеам таму цело време”.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
-Во деновите кога се пука првпат слушнаа такво викање.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Па кога ја фрламе нашата мрежа толку мадалеку, зошто таа да не покрива сè што е артифициално.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Еден додипломец на Универзитетот на Мичиген, кој подоцна и се запиша на предметот, првпат слушнал за него кога некој новинар од вестите на една локална телевизија му напикал микрофон в лице и го прашал што мисли за предметон.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Козарите се чудеа, некои од нив првпат слушнаа за овие земји, а за малтешката и апенинската и медитеранската коза никој од нив дотогаш не беше чул.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)