првпат (прил.) - доаѓа (гл.)

Господе, си реков, во кој живот и со кој благослов се наоѓам во овој предел, дали јас бев тука или сега првпат доаѓам, а пределот го знам?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
САРА: Првпат доаѓате кај нас дома?
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Има сопственици кои се толку приврзани за своите кучиња, за своите миленици, што и преку денот наминуваат во Пансионот да видат што им прави кучето, дали е весело или тагува, спие или лае, особено оние кучиња кои првпат доаѓаат во Пансионот и кои не навикнале на таков режим, одвоени од дома и од очите и гласот на својот сопственик.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
ПОСЕТИТЕЛОТ на Истанбул, особено оној што првпат доаѓа во овој град, не треба да пропушти да ги види некогашните сараи на турските султани, кои го чуваат споменот за величината и раскошот на отоманското царство.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)