првпат (прил.) - бев (гл.)

Се збунив, како кога првпат бев бакнат од женско, или како фатен на дело при првиот престап.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Овдека, од овие блиските села сум од Ореовец, ако си го чул — одговори Горѓи Ацев, кој за првпат беше попаднал во затворот, бидејќи ги бунел селаните да не ги оставаат прилепските чорбаџии и бегови да си ги оберат лозјата, додека не платат на селото по десет гроша на дулум.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Во триесеттите години за првпат беа презентирани во форма на пилули и како средство за инхалација во Соединетите Држави, за наскоро да бидат употребувани рекреативно како освежувачи.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Иако Партијата, во согласност со обичајот, го присвојува пронаоѓањето, атомските бомби се појавија првпат во почетокот на четириесеттите години на дваесеттиот век и првпат беа употребени во поголем број десет години подоцна.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
А. и за очајанието на модерната егзистенција, „Живот во пеколот” (Life in Hell), за првпат беше издаден во L.A. Read- er во 1980.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Во мигот кога го здогледав првпат беше наведнат над гробот на св. Наум.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Јас го погледнав стрештено, оти првпат бев чул некој друг освен мене да верува во такви сказанија и измислици како што се минати и идни животи овде, на земјава, пред да се упокоиме засекогаш во царството вечно Негово, во станот небесен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Оваа граница со променлива судбина првпат беше воспоставена кога Албанија се прогласи за независна држава во 1912 година.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Веќе подолго време не беше нежен со мене, а сега за првпат беше груб.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некоја темна сенка во мене ми велеше дека тој никаде нема да оди.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Од под буквите во книгите ѕиркаат нашите мртви и се смеат новородените. Дишат вода, пијат воздух.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Поп Данаил Москополчанин не може баш да се сети дали кога првпат беше во Венеција беше измислен фудбалот на мали голчиња и на што мислеа Венецијанските трговци кога претскажуваа светска економска криза.
„Светилничар“ од Ристо Лазаров (2013)
Првпат бевме со неговите кози и со нашата Сталинка.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Па мајка ми, кога првпат беше крикнал татко ми си помислила да не станало и со татко ми како со поетот.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко ми првпат беше категоричен и јасен во однос на нашата судбина и судбината на козите.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
„Мислите на деновите кога првпат беше употребен“, прашав?
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)