прво (прил.) - ќе (чест.)

- Мора да инсценираме инцидент - извика Дулитл. - Прво ќе ни удрат 2 шамара па после ние ќе им удриме Тв офанзива - се протресе падавичарот Кољо.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Во градината прво ќе ја поздравеа новите цутови на нејзините цвеќиња, па блесокот на бојата на некој новоузреан плод и, на крајот трите кози.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Да се пречекори тој раскин кого што луѓето како и да не го забележуваат иако кој знае што воопшто забележуваат тие мрачни луѓе што се качуваат во вагоните на метрото за потоа да се симнат, што покрај превоз бараат тие луѓе што се качуваат пред или по за да пред или потоа се симнат, а што само се поклопува во некоја зона на вагонот каде што сѐ е однапред решено со тоа што никој не може да знае дали ќе излеземе заедно, дали прво ќе се симнам јас или пак оној слабичок човек со ролна хартија, дали онаа баба во зелено ќе продолжи до крај, дали тие деца сега ќе се симнат, ма јасно е дека да бидејќи веќе ги собираат тетратките и лењирите, низ игра и смеење приоѓаат кон вратата додека таму во аголот некоја девојка се стабилизира за да потрае, за уште многу станици да може да седи врз конечно испразнетото седиште, а таа девојка е непредвидлива.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Прво ќе го прегледаме прашањето: во каков однос ќе станат комитетите и македонската интелигенција кон едно ново национално течење сред Македонците, коешто бара не само политичко, ами и национално и религиозно ослободување на Македонија, т.е. кон едно течење што прокламира „Македонија за Македонците” против сите претенденти на Македонија, во тој број и против Бугарија и Бугарите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Натпреварот за најдебела Американка нема да биде толкуван како карневалски бунт на грдото тело против убавото, или барем како негова логична спротивност, туку попрво ќе биде налик на административно допуштање на демократската Америка на постоењето на алтернатива, варијанта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
„Не можеш да ме убиеш. Прво ќе мораш да ме најдеш!“ „Ќе те најдам!“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Со прво ќе го погалат кучето по вратот и потоа, наеднаш, ќе го фрлат. Како дабова пењушка. Колку е големо човечкото лицемерие.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Што прво ќе преземе Херцеговецот по сообраќајната несреќа што ја предизвикал со својот BMW? Ќе го склопи мобителот.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)