прво (прил.) - во (предл.)

На света Недела, наредната, дојдоа Танаско со Пена и синот на Борис Биџов, дури од под Калето, од Фестивална, ги викнаа и синовите на Коста Ципата, Атанас на Вета и двата големи сандака, наполнети со облеката на двете Пелагии, ги кренаа на раце и ги однесоа онде зад фабриката, прво во дворот на тетка Перса, а потоа и во одајчето што беше одредено за нив.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Тестото го замесува специјална месарица — девојка со татко и со мајка, а пред тоа едно мало детенце — машко — заборава прво во тестото со жегол: да им се раѓаат на младенците машки деца, жито и волови со кои ќе ораат.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Прво во весникот излезе голема статија во која Лари го печеа на ражен, а веќе следната недела тој го купи весникот и на насловната страница одеше едно големо извинување до Лари.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потопена прво во чоколадно млеко, па во етерични масла, па измасирана со крема која ја враќа младоста во кожата однадвор, за кога тој ќе чукне на врата двапати кратко и еднаш долго и ќе го стави клучот во брава, а рајберот таму кај што треба, ти, демек, да процветаш.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Историските околности неминовно водеа до загубувањето на Србија за Бугарија во корист на Немањиќевците и на српството, прво во политички, а после и во национален однос; а историските околности создадени од Берлинскиот договор направија Македонија да биде загубена за Бугарите, прво во политички однос, а после и во национален.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)