прво (прил.) - ги (зам.)

Прво ги снема сите подвижни и неподвижни фигури што во текот на ноќта му се причинуваа и виде дека ридот под нив е гол сѐ до подножјето каде што почнуваа лозјата и бавчите.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Министерството прво ги праќаше своите стипендијанти во српските провинцијални градови за да учат, а после ги собираше во Белград во специјални школи или на Великата школа.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Прво ги кренаа погледите и видоа како зад ѕидот под мисериштето се подадоа двајцата српски војници.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Зашто многу ретко своите зборови ги ставаш на кантар. Ти прво ги кажуваш, а потоа се каеш.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Паметиш? Прво ги собраа големите деца.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Прво ги изнаоѓаше сите места, каде што беше самјакот додека тој пукаше по него.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Прво ги нареди дрвените пљачки, потоа земјените, бакарната посадка, покривачи, храна и друго.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Парите, што тогаш ќе му ги дадеш на „газдата“, прво ги трие околу брадата, а потоа ги тресе во џепот, се прекрстува, и сѐ тоа во знакот на среќниот пазар за тој ден.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)