првин (прил.) - му (зам.)

Крајно внимателно, динамитот во мали пакетчиња, гемиџиите првин му го предавале лично на Милан, но, гледајќи дека тоа е опасно, го ставале на определено место во тоалетот на вагонот, а Милан го прибирал во погодно време, по тргнувањето на возот.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Тој првин се соочи со турските заемки во христијанските текстови и молитви, кои првин му се видоа невозможни, неприродни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Потоа, откако и таа се напила вода, си го исплискала лицето и седнала на тревата покрај малечкото.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Првин му клапнува главата, а после целиот се слизнува покрај ѕидот. Ко испуштено јаже. 48
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа, пак, Трајана, првин му дала на малечкото да се напие вода од копаничето, кое и денеска си стои таму, на изворите, потоа му ги замила обравчињата и го седнала на тревата.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)