првин (прил.) - го (зам.)

Секретарката првин го најави Аспарух Зафиров. Млад судија, со уште неколку испити до завршувањето на студиите на Правниот факултет.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Таа првин го гледаше исплашено, потоа смирено, за, на крајот,да биде во недоумица.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Со првин го плашат народот со фрлање на анатема, со чуми и болести, а потоа, ако не успеат со тоа, сосила му ги растураат празненствата или го кодошат кај турските власти и беговите за божемни бунтувања.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Судбината првин го носи во Минхен, против своја волја да изработува барокни бакрорези во едно познато ателје, оддалечувајќи го од неговиот идеал импресионизмот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Отец Иларион, помолчувајќи извесно време, како што имаше обичај, рече: - Господ првин го создал небото, па земјата...
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
Судот, земајќи ги предвид сите околности, според свое [слободно] убедување ќе оцени дали ќе го земе за признаен или оспорен фактот што странката првин го признала, а потоа наполно или делумно го одрекла или го ограничила признавањето со додавање на други факти.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Не треба да се докажуваат фактите што странката ги признала пред судот во текот на парницата – но судот може да нареди да се докажуваат и вакви [неспорни] факти, ако смета дека странката со нивното 159 признавање оди кон тоа да располага со барање со кое не може да располага.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И така, едни разбеснети Турци, младеж - јас тоа не го одобрувам, ама се сторило - тие разбеснети Турци првин го ставиле на бесилка, а после го фрлиле во распален огин.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Телото првин го измија од земјата со водата донесена во котле, потоа го легнаа во приготвениот дрвен сандак искован од груби штици, и сандакот го заковаа.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Првин го видовме војничкиот камион на џадето, а потоа војниците, татка и сите 12 души со него.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Со силна секавица првин го предупреди населението, најавувајќи бура, а потоа се истури врз градот, ти се чини со цел да го измие целиот насобран грев.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
НЕДА: (Потресена од тоа што првин го чу, како да не ги слуша последните зборови на Ивана.) Иване, зар на Ѓорчета Петров?
„Црнила“ од Коле Чашуле (1960)
Тоа првин го стори фашизмот, а се вестеше да го дополни сталинизмот.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Првин го пленија татковите свети книги и особено старите курани, со синикаво розовите минијатури, препишувани на рака, наредени на најгорниот рафт, Библијата, Куранот, Талмудот со Кабалата, а потоа разните метафизички трактати, сведоштва за језуитските редови, за јаничарите...
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Во салата надвладеа притаена смеа, што првин го обесхрабри Јагулчета. Но, тој веднаш се созеде.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Мајка првин го раздипли италијанското знаме, зди­пле­но уште во далечната 1940, за време на грчко-италијан­ската војна во Поградец а, потем, и грчкото знаме. ***
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Првин го виде над себе она старче на кое ветерот му ја одзема шапката, потоа работниците што чекаа крај расипаниот автобус и она девојченце што имаше излитено џемперче.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Првин го откорнува вратничето, го бувна и го откорна, па удри во стежерот. И него го заниша и го спрпелка матицата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И ја наоѓа куќата Дамјан Страчков, и првин го пофаќа јаремот обесен на еден клин зад портата, а една граната - фиу - и право на него.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин го фрлија Миничето од Маѓеровци. Тоа цвикна еднаш, и пламенот, ко со раце, го прегрна.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин го качувал на маса, па после на покривот од меаната и на крајот го качувал и на некоја топола.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Овојпат првин го заобиколи телефонот, го зграпчи како да сакаше да го задуши гласот во слушалката, но на крајот, кога забележа како зглобовите на прстите ја губат бојата и стануваат бели, ја отфрли таа намера и ја подигна слушалката.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)