првин (прил.) - почне (гл.)

Првин почна да ги чепка алиштата, како да бара болви во рабовите и во веѓиците, а потоа се загледа, нагоре, во гредите.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Првин почна да ја мачка со винска киселина. Имаше чуено дека и Исус Христос, кога бил распнат на крстот, побарал винска киселина. Само малку да му ја наквасат устата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главата на Ѓувезија Дубровска со денови мирисаше од винска киселина. Но косата и понатаму ѝ паѓаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Од тоа првин почнаа сосема тивко да му потреперуваат мускулите на натколениците, за потоа тој трепет да почне да се всадува во неговите дамари и, па колку и да си го криеш и од себе си тоа, ова старче Језекил, сепак, она секогаш испливуваше во бледилото на неговото лице, при секој опорит и скочанет чекор, при секое движење, врзано од невидливите јамкишта и јазли на страот, кои го обраснуваа, обраснуваа и така прежилуваа.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Првин почна со некое бучење оздола.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)