почесто (прил.) - ќе (чест.)

Не бара да се протера кучето или да му се лути на Винко: „Навистина, како си смеел да поведеш куче на логорување, кога знаеш дека не е дозволено...“, туку и тој почесто ќе клекне крај него, ќе го погали и ќе му рече нешто како на човечко суштество што разбира.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
Свикнати да не се делат, и сега Илко со коленото почесто ќе го поддопреше, чувствувајќи при тој допир некоја сигурност, пријатност.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Меѓутоа, излезе дека одбрав погрешен човек за таа работа, а во иднина почесто ќе ми се случува таков вид рапсодија во која тие што те сакаат не ги сакаш и обратно.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Така почесто ќе доаѓаш кај нас!
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Маестро, најмил мој, во приказната, како и во животот, треба да имаш доволно шапки, но на една подолго ќе ѝ се восхитуваш, и почесто ќе ја ставиш на главата, а другите ќе ги сместиш по плакарите.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)