Концертот од кој бегаше, најпрвин во безимените троми улици, потоа надвор од инструментот, од жената, од Градот. концертот што безброј пати безуспешно го повторуваше, очаен, немоќен, концертот што не сакаше а му се подаде, кој го знаеше напамет, а го свиреше отуѓено и прецизно како механички строј.
„Пловидба кон југ“
од Александар Прокопиев
(1987)