потоа (прил.) - отиде (гл.)

Бездруго вака го протолкувал сонот и Јовановиот одамнешен предок, оној прв што го сонувал и по што го запишал во тефтерот и потоа отишол да стане пустиник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Потоа отиде кај масата во нишата, седна и го извади дневникот од фиоката. Но не го отвори веднаш.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Милка ја лупна надворешната врата, потоа влезе во собата, си ја остави чантата и си го слече палтенцето. Потоа отиде во кујната.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Ги покри клавишите со дланката и се сврте кон мене со гест на благодарност што следува по бурен аплауз.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Ема грицкаше ливче од рузмарин од гранчето во гарнирот од малата вазна на масата, а потоа отиде до клавирот и со нежен, повеќе ритуален допир на клавишите со прстите од левата рака отсвири неколку такта.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Потоа отидовме на аргентински бифтек во „Карлитос Гардел“.
„Бед инглиш“ од Дарко Митревски (2008)
„... Потоа отидов во котларницата каде што ја имав скриено пушката, ја наполнив, ставив фишек во цевката и со пушката откочена, на готовс, тргнав кон канцеларијата на директорот со пушката пак во најлонската вреќа.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Потоа отиде во кујната. - Мамо, ќе те молам нешто! - Што?
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
Затвори добро зад себе, зашто тоа му беше сѐ, што му остануваше, а веднаш потоа отиде кон своето легало.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
За да му даде малку време на Ренди да му помине лутината, Дејв остана да помогне со опремата, а потоа отиде на по едно пиво со Пастор Рик и некои други.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Со помош на стипендијата тој остана во Австрија во текот на 1988, потоа отиде во Франција, за никогаш да не се врати дома.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Грмна тука од секаде посилно да го слушнат каурите – пазарџии – и повтори на сите четири краишта, а потоа отиде на средето каде што беа насобрани десетина-петнаесет сејмени со еден буљукбаша. – Овдека, овдека ќе бидат изгорени, испечени, на ова местоооо! – се провикна и ги виде најревносните пророкови синови каде носат, не заграби или цепаници, ами товари суви буковици.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Таа некое време шушкаше нешто со некои хартии и потоа отиде во дневната.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Будна го дочекав утрото, а потоа отидов да ја посетам Клара во Гнездо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Си спомнавме на оној нејзин разговор со Сара за мајчинството.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Потоа отидов да се санкам Распенет снег и лица на млади жени додека летаме покрај порти што зјаат А низ црвените кругови од уличните светилки фрчат гласови или бушави глави Збунети лавови што скокаат низ обрачи од оган.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Кога требаше да се размеси, им реков: Ајде, фурната нека се загрее додека го размесам јас лебот, сè ќе биде в ред.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Првата вечер цела ноќ пеевме до изутрина и потоа отидовме на реката.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа отидов да видам дали фурната е загреана.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Тие го ставале во фурната како тиганици и никогаш не се кревал многу.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Потоа отиде да ми донесе две големи филии биено сирење и еден поголем топол леб.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Та набрзо потоа отиде во Преку, на печалба.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)