потем (прил.) - сѐ (прил.)

Вечерва ќе си ја стоплат душата покрај пламенот од илузии а потем сѐ по старо: полни очи - празни раце, студенило во домот, мразалник во душите - нивните надежи пеплосале под кладите од огревно дрво, станале гареж што им се гнезди и во сонот и во јавето.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Шабтај потстана во креветот, а потоа се исправи, слушајќи како некој, најпрво од далеку, потем сѐ поблизу до него го довикува неговото име.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Лета јастреб на летното небо под нечитливиот краснопис на зодијакот најпрвин во кругови широки и нагли како скришни помисли потем сѐ поситно, опсесивно запира на родното дно наспроти сѐ друго што и натаму се врти околу својата замислена оска.
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)