потем (прил.) - во (предл.)

Јас, кој ја гледав смртта на праведникот Стефан, држејќи и во својата рака камен на омразата и на стравот, потем во Ерусалим, преобратен и покорен, ги крстив неговите најблиски, смртните му родители, браќа и сестри.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Госпоѓата гледаше во Луција изненадено, потем во мене; Луција ѝ рече: „Ете го“ (имав силна способност од дете да читам од усни).
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
И потем во светлина раскошна, со музика семирска се спушти над мојата глава, ми ја позеде раката, го фрли мојот груб калем од железо и во раката калем од лач небесна ми стави; калемот сам почна да пишува со раката моја, и до првиот час по полноќта, кога првиот петел се гласи, писмото за господарот мој беше готово, и јас знаев која буква на кое нешто му одговара.“
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Додека траеше краткиот меден месец на запознавањето со заедницата.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Сеедно, нејзе ѝ остана навиката секоја ноќ пред мугрите да стои пред прозорецот и да гледа во Једи-куле, потем во градот притиснат од ноќта и замолкнат, и за разлика од порано, стуткан меѓу бескрајот на морето од едната и занданата со седум кули насадена на ридот, на спротивната страна.  Никогаш, ѝ поминува низ главата онаа иста помисла, не била среќна во овој град.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Посакуваме секогаш предност да ни даде па гордо по сопствениот пат да кинисаме за потем во животот „Што ако...?“
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Тоа ветрот тром ги свитка вршките потем во одајава влезе.
„Посегање по чудесното“ од Србо Ивановски (2008)
Пред да стапи во партијата, брат ми требаше да замине на една сојузна младинска доброволна работна акција за изградбата на една разорена пруга во една од средишните републики во земјата, потем во изградбата на автопатот Братство-единство, којшто треба да ја поврзе земјата со Европа и Азија, па во изградбата на едно вештачко езеро во својата република, со сушење на мочуришта.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Тогаш со криковите на нашите детства како да сакавме да ги надгласиме чавките сокриени во крошните на голе­ми­те тополи, потем во очите на тврдината издлабени од вре­мето, во големите камени столбови.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Стојам како изгубен просјак во замокот ти дојде да бидеш последна слика во мене а потем во вечноста по темни сокаци со свеќа ќе барам. светлина, во гробје, гробишта на оние што пред мене ја отворија вратата...
„Поетски блесок“ од Олга Наумовска (2013)
Кога ќе излезат од подземната шетачка миса сите гризаат јаболка – да си ги отсолат здивот и душата, а потем во долината купуваат шарени китки, од оние за извоз, - да си ја вратат миризбата на простосмртната живеачка.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Уште кога Татко ви рече дека најсигурни ќе бидеме во подрумот, мене започна нешто да ме копка, првин во срцето, потем во душата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)