постепено (прил.) - ќе (чест.)

Можно ли е тоа да е поради геј-иницијацијата? Може ли машката геј-култура, сепак, да не била толку ирелевантна за геј-мажите, откако постепено ќе се изложат на неа?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Комплексноста и дистинктивноста на вербалната и пишуваната комуникација постепено ќе биде заменета со еден вид на телеграфско “јасно зборување”.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Што се однесува до девојчето, тоа ако е тактично постепено ќе почне да ја заменува мајка му, а може со време да го земе и местото на сестрата што ја немаше.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Со текот на времето името Македонија добило политичко-географско значење и ја означувало не само земјата туку македонската држава и сродните племиња кои со јакнењето на централната власт постепено ќе бидат вклучени во државата на Аргеадите.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Да се надева дека неговите родители постепено ќе ја прифатат.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Втората свеска од Дневникот, голем формат, од околу 200 страници, нападно озаглавена со црн туш како Без преживување нема уметност со распон на дати од почетокот на јануари 1951 па до средината на осмиот месец во 1953, ја одразува големата борба љубопитното дете да се осознае себе, да го совлада она што му го одзела војната, а во исто време да импрегнира толку многу настани, приказни, судбини што постепено ќе почнат да се преточуваат и во поинакви форми.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)