после (прил.) - бев (гл.)

Потем беа само неколку викови, некој од мајсторите довикна озгора така, за да чујат сите малтерџии, дека оној кому му е жал може да појде да го одбрани, ако сака, а после беа уште неколку плачливи викови и сето тоа заврши така што оној истрча од вратата на бараката и ја спрашти по градилиштето, а Башмајсторот дојде само до вратата и окара „Натемате натема“, а мајсторот довикна озгора дека ќе се врати тој, дека никој тука не дава месен-обесен, но тоа излезе лошо пророштво.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тогаш беше изработен всушност таканаречениот „Закон за европските вилаети”, кој, меѓутоа, беше одбиен од султанот, па тоа одбивање после беше прифатено и од самите големи држави.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Една ноќ, по една недела или повеќе, не би знаела точно да каже, иако после беше скоро сигурно дека тој сон го сонувала токму таа ноќ, кога на Едо му се случи несреќата во Сан Диего.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)