посебно (прил.) - мој (прид.)

Да, мојата сестра слика, но посебно мојот брат Жак Вилон (Jacques Villon).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Нашето молчење, посебно моето, сè уште повеќе го храбреше Х.Х., да ја доврши лекцијата, да си ја исполни нормата за тој ден.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
При крајот на патувањето, без да извлече наши, посебно мои позначајни реакции од кажаното, како еден вид заклучок рече: - Не брзајте, драги пријатели, со површни и еднострани заклучоци за да го објасните градењето бункери во нашата земја.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Сокриен е можеби зад некој статуа, секогаш готов да се појави во вистинскиот момент, да ја одржува врската помеѓу нашите, посебно моите реакции и Централата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Мојата опсесија ми вели да ги заборавам белешките, но заборавам дека самиот се согласив за целава оваа идеја.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Продолжувам да пишувам работи како: “ова не е важно”, и посебно моето омилено, “зошто, зошто, зошто”. 9.00 Продолжувам да мислам дека се спуштам, но само за следниот момент повторно да се најдам исфрлен во нова снажна халуцинација.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Х.Х., во координација со овдешниот постојан и спе­ција­лизиран водич Т.Т., ги следи нашите реакции од видените експонати, посебно моите.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)