посебно (прил.) - чувство (имн.)

Таа повторно стана и чекореше низ бавчите, накај местото каде што растеше нејзината лубеница и со посебно чувство на благосостојба што беше ја обзело, имаше мајчински нагон да ја види својата лубеница.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Слушајќи ја птицата, не слушна како Даниел дојде со камионетот, ниту пак го забележа како дојде до неа, сè додека од некое посебно чувство не стана свесна за неговата блискост, и тогаш го крена погледот.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Даниел возеше како робот, управувајќи со воланот со посебно чувство, за кое не беше свесен.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Не знаеше кога и како почнал да ја љуби Македонија со сето свое битие – како и сите што ги знаеше, тој дома не чуваше знаме, немаше некое посебно чувство на државните празници, ниту пак го знаеше целиот текст на химната.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
На пример, она посебно чувство на блискост кога човек танцува со девојка на затемнет подиум.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Ги шепотам зборовите засекогаш, прв ден, вчера, а можев да речам и сега, па дури и штотуку, (ги шепотам без одредена намера, дури и без некое посебно чувство сите овие толку далечни и неодредени зборови) а сигурен сум дека тагата и немирот никогаш не почитувале временски и други определби.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Впрочем ваквите состојби, што ги предводи тагата и вознемиреноста, немаат дестинација, не знаат од каде доаѓаат, ниту пак каде и кога треба да запрат.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога престана да му плеска на она првомајско привидение Пепрутката, веројатно понесена од некое посебно чувство, ми го постави најчудното и најнејасното прашање: дали сум посакувал да учествуваме во некоја заедничка игра, игра во која ќе имало малку свеченост но многу возбуда?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Поскоро би рекол дека ако не надвладуваше во тие случаи рамнодушноста тогаш барем беше присутна.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Не разбирам - реков. - Мислам на тоа колку сме млади и што сѐ може да си понуди младоста трагајќи по задоволства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Притоа не се занесував дека ме предводело некое посебно чувство на задоволство или на загубеност.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)