порано (прил.) - го (зам.)

Вечерта дојде Толе кај Гламнови и го најде Андона, кого и од порано го познавеше.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Зборник радова приказаних на меѓународном скупу српске академије наука и уметности, одржаном од 24 до 26 новембар 1971 године у Београду, поводом прославе тридесетогодишњице устанка у Југославији 1941 године, Српска академија наука и уметности, Одељење историјских наука, Београд 1973, 157-183. 25 Од британска страна за водич на мисијата бил одреден капетанот Бил Хадсон, кој од порано го познавал српско-хрватскиот јазик и земја.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
Сега Хера не одеше повеќе на лекар да ја лечи главоболката, како што тоа порано го правеше, пиејќи разни лекови кои во почетокот ѝ ја смируваа болката, а подоцна не. Ѝ правеа разни проверки на крвта, урината, шеќерот, ѝ ги испитуваа бубрезите, срцето, притисокот; ѝ советуваа да не се преморува во работата, повеќе да се одмара, да избегнува потиштеност и затворање во себе.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Иако порано го бевте прошириле поимот за текстот, Вашата филозофија сепак ја разбирам како онаа која особено ги рефлектира јазикот и писмото, значи сосема останува во традицијата на linguistic turn.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Уште порано го имав прашано за возраста.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Сместувајќи се во Grand Hotel Villa de France, кадешто Матис бил инспириран да ги наслика своите одалиски, во градот кој порано го беше инспирирал Римски-Корсаков да ја напише својата Шехерезада, ги истражувавме пеш забрзаната, миризлива Медина, Гранд и Петит Сако и касабата; повеќе сакавме да се загубиме без професионална помош, одбивајќи ги непријатно лепливите наводни водичи и занемарувајќи ја изненадувачки антисемитската тирада на едниот од нив; серенадите ни ги пееја градските певци секое утро и муезините пет пати секој ден молејќи се преку разгласот од минарето на блиската џамија; одлучивме својот прв невин излет во исламот да го продолжиме низ брегот.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И јас порано го терав од училиштето: ни пречеше.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Порано го зеде својот дел што си го заслужил ...
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Се откажа од она што порано го правеше: ќе му летнеше со стап под прозорец па: фрас! фрас!
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Но пред да ја забележам Бојка вниманието ми го привлече едно необично лице што никогаш порано го немав сретнато.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)