порано (прил.) - ги (зам.)

Стрпи се, ќе видиме. - Претпоставувам дека порано ги дале...
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Ама, важно е некој да те усмери.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Да бидеш под нечие влијание за да можеш да го пораснеш. мЗачудува, Дејан, што ти со твоите, на прв поглед, анахрони драми а ла Горан Стефановски, неверојатно прецизно се вклопуваш во најновите трендови - посебно во филмот - на екстремно насилство (Стоун, Тарантино, Ферара...) и на тотално пародирање на тие снажни емоции што порано ги нарекувавме патетика а сега, по завртениот постмодернистички круг, пак ни се враќаат, изротирани, да, но јас сепак се чувствувам малку чудно, турци, комити, некоја пикантна фолк атмосфера, па дури и во новава драма, ракија, банални улични мудрости, немотивирано насилство...
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
На заобленото лице здогледа неколку пеги кои порано ги немаше на образите, а подбрадокот можеше да се забележи уште од далеку.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Поспаните, кои порано ги совлада сонот, беа жртви на ѓаволштините на будните речиси до самите зори, кога и наставниците како и персоналот на хотелот можеа конечно да здивнат.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дали порано ги бев видел, што бараат на мојата маса?
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Се исправи, ги крена свеќите и забележа човечка прилика, иста онаа што порано ги следеше; во рацете имаше секира и стрчна да го удри; полковникот исплашен, му ги фрли свеќите во лицето, инстинктивно се фати за појасот, но пиштолот го немаше со себе; свеќите го збунија напаѓачот, и тој ја фрли секирата кон полковникот, но тој се поднаведна и таа профучи над него удирајќи во ѕидот. напаѓачот почна да бега, а полковникот стрча по него кон врата; во дворот се покажа калуѓер кој одеше да ја затвори црквата.
„Злодобро“ од Јован Стрезовски (1990)
И по некое небесно чудо, некои дополнителни чувства, што биле скриени во него, одеднаш, брзо почнале да дејствуваат и тој почнал да ги гледа и да ги чувствува нештата што тој порано ги одбивал.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
А сите тие се лица на луѓе, кои јас ги знам или порано ги знаев и кои сега го набљудуваат мојот живот.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Оние шарените, што ние порано ги викавме - свилени бонбони.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Да - логори беа... од тие логори пред некој месец, а можеби и порано ги беа иселиле Јапонците, значи јапонските заробеници.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Македонските организации Захаријадис заедно со својата дружина порано ги беше отпишал, но овој пат им дојде часот сосема да ги столчи заедно со азбуката и јазикот. Рече дека се титови.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Уште од порано ги знаеме визбите: штом ќе почнат дождовите да туриваат, ѕидовите се влажнат и пропуштаат бликчиња вода што лакомо течат и ја полнат визбата.
„Дружината Братско стебло“ од Јован Стрезовски (1967)
Мозокот на крај повторно воспоставува контакт со оние исти просторно- временски објекти кои порано ги забележувал.“
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
„Меѓу нив нема разлика“, рече Херб.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
DD ПТ: Одите ли често во Италија? DD ЕВ: Знаете, порано ги снимавме нашите филмови таму. DD ПТ: Имавте и свое студио? DD ЕВ: Во околината на Рим.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Сега се козите главни виновници. Порано ги жртвуваа само јарците...
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Уморен беше од снеговите што во последната зима како никогаш порано ги притискаа неговите стари гранки.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)