поодамна (прил.) - бев (гл.)

Сега одговорно можам да тврдам дека токму ваквиот развој на настаните ме поттикна да пристапам кон извршувањето на она што од поодамна беше одлучено.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сакам да речам дека Роман Гигов Грофот беше клучната личност без чија помош егзекуцијата тешко ќе ја извршев.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Турбулентните години кај овој брачен пар веќе од поодамна беа оставиле видлива трага.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Ситните часови од поодамна беа завлегле во новиот ден.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Сокол Мечевски трагаше по клучни докази од сиџилите, за причините за исламизацијата на христијанското население, почнувајќи уште од ХVI-от век, за да го дополни својот научен труд, со кој уште поодамна беше докторирал, но постојаного одлагаше објавувањето на книгата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)