понекогаш (прил.) - ноќе (прил.)

Без да се дознае што еднаш на друм бил тепан од двајца заптии, несреќникот понекогаш ноќе, додека умните и живите седеле зад замандалени врати, одел по селото и замавнувал со вила кон пците и сенките.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И раскажуваат: понекогаш ноќе капетанот Џек на бран јавнувал, го кревал големиот меч и на секој кит замавнувал.
„Најголемиот континент“ од Славко Јаневски (1969)
И сите знаеле дека Онисифор Проказник не го сака во тајфата, не зашто бил во работните дни песнопоец, никако заради тоа, туку зашто патем можел да стане товар.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но Богуле имаше „месечарска болест“: стануваше понекогаш ноќе и шеташе.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)